Како да патувате во странство

Разгледајте ги овие најважни совети како да ги намалите трошоците додека користите мобилни податоци на телефонот кога патувате во странство.

Како функционираат податоците додека се наоѓате во странство

Во многу земји вашите мобилни телефони ќе работат за повици и податоци благодарение на меѓународниот роаминг (international roaming). Ова понекогаш е наречено само роаминг (roaming) или роаминг на податоци (data roaming).

  • Меѓународниот роаминг функционира бидејќи австралиските даватели на мобилни услуги имаат договори со давателите на мобилни услуги во други земји да ви дозволуваат да користите мобилни мрежи во земјата што ја посетувате.
  • Меѓународниот роаминг ви овозможува да го користите мобилниот уред како и вообичаено за телефонски повици и податоци.
  • Со меѓународен роаминг, повиците и податоците преку мобилен телефон ќе ве чинат повеќе отколку дома.
  • Дополнителните трошоци за меѓународен роаминг зависат од давателот на мобилни услуги и земјата што ја посетувате.
  • Ако не сте внимателни, сметката што ќе ја добиете може да биде висока. Трошоците ќе се наоѓаат на почетокот на вашата редовна сметка.
  • Пред да патувате, прашајте го давателот на мобилни услуги како функционира меѓународниот роаминг за вашата сметка и колкави се трошоците.
Илустрација од мобилен телефон што лета околу планетата.

Дали мојот уред ќе работи во странство?

Вашиот мобилен телефон сигурно ќе работи во повеќето земји во светот, без оглед кој е вашиот австралиски давател на услуги или кој тип мобилен користите. Важно е да помнете дека:

  • меѓународниот роаминг мора да биде активен на телефонот за да функционира во странство. Проверете кај австралискиот давател на услуги за мобилни телефони пред да патувате за да бидете сигурни дека се активирал.
  • и покрај тоа што телефонските повици вообичаено функционираат нормално, податочното поврзување може да биде побавно во мал број странски земји што немаат брзи податочни мрежи 5G како австралиските.

Дали податоците се поскапи во странство?

Постојат неколку опции за вршење телефонски повици и користење податоци на вашиот мобилен телефон кога се наоѓате во странство. Опциите и трошоците се разликуваат во зависност од вашиот давател на услуги.

  • Секое користење на телефонот во странство вклучува дополнителни трошоци на редовната сметка, без оглед дали го користите само за да добивате повици, или, дополнително, за да користите интернет за е-пошта и пораки или прегледување (податоци).
  • Повиците и податоците за кои се употребува меѓународен роаминг обично чинат неколку долари за минута, што значи дека се поскапи од стандардните цени. Трошоците се уште повисоки во пооддалечени места.
  • Некои австралиски даватели на услуги продаваат меѓународен дневен пакет (international day pass) за одредени странски земји што чинат од 5$ до 10$ дневно. Овој пакет обично вклучува неограничени повици и доволно податоци за основно прелистување на интернет и е-пошта.
  • Цените за дневен меѓународен пакет се наоѓаат на почетокот на вашата редовна сметка.
  • За пристап до меѓународен дневен пакет (international day pass), треба да се договорите со вашата телефонска компанија пред да отпатувате.

Опциите за меѓународен роаминг може да бидат комплицирани, па најдобро е да ја посетите продавницата на вашиот давател на услуги за да разговарате за опциите пред да отпатувате.

Евтини алтернативни решенија

Еден економичен начин да ги користите мобилните податоци додека се наоѓате во странство е да купите претплатена услуга од некој локален давател на услуги за мобилна телефонија штом ќе пристигнете во одредиштето. Ова е најкорисно ако го минувате сето време во една земја.

Претплатена услуга купена во одредиштето значи дека:

  • ќе мора да ја замените австралиската СИМ-картичка и да ставите странска СИМ-картичка
  • ќе имате различен број, но можете да им го пратите новиот број на семејството и пријателите преку порака
  • обично ќе имате поголем пакет со податоци и пораки.

Што ми треба за да се подготвам за патување?

За да ги искористите максимално парите што ги плаќате кога патувате во странство со телефонот, секогаш е најдобро да планирате однапред. Еве неколку нешта што треба да ги помнете:

  • дали планирате да користите меѓународен роаминг? Тој би требало да биде подготвен на повеќето телефони, но мора да бидете сигурни за тоа. Проверете кај давателот на услуги пред да заминете.
  • ако планирате да користите меѓународен дневен пакет, контактирајте со вашиот давател на услуги за да се договорите за ова пред да заминете.
  • користете ја бесплатната апликација на вашиот давател на услуги за да го следите користењето на податоци и за да бидете сигурни дека нема да имате прекумерни плаќања за податоци.
  • ако не сакате да ризикувате големи трошоци за податоци додека сте во странство, можете целосно да ја исклучите функцијата за користење на податоци на телефонот. Побарајте го меѓународниот роаминг (data roaming) или мобилните податоци (mobile data) во поставките на телефонот и исклучете ги пред да се качите на авион.